Mузички ѕвезди од Британија бараат преместување на Евросонгот од Израел

Mузички ѕвезди од Британија бараат преместување на Евросонгот од Израел

Вивиен Вествуд, Питер Габриел и Волф Алис се дел од 50-те британски уметници кои побараа овогодишниот Евросонг наместо во Израел да се одржи во некоја друга држава, јави BBC.

Причината за ваквото барање, како што се наведува во отвореното писмо до BBC, е „кршење на човековите права во Палестина“ од страна на израелските власти. – Евросонг можеби е лесна забава, но тоа не значи дека не треба да се води сметка за човековите права, стои во писмото.

„Не смееме да затвораме очи пред систематското кршење на човековите права во Палестина од страна на Израел. BBC според својот статут мора да ја промовира слободата на изразувањето. Треба да дејствува во согласност со своите принципи и да изврши притисок врз Евровизија да се премести натпреварувањето во земја во која не се случуваат активности против слободата“, истакнуваат британските музичари во писмото.

BBC во одговор на писмото наведе дека тоа што телевизијата го покрива овој меѓународен музички натпревар, е несоодветно да се користи за политички цели.

Некои од ѕвездите, како што се Лана дел Реј, Ник Кејв и Radiohead, повикаа на бојкот на настанот и најавија свои концерти.