Мурињо во одбрана на својата тактика

Мурињо во одбрана на својата тактика

Жозе Мурињо ја заштити својата дефанзивна тактика по синоќешното реми во Севиља, при што домаќините упатија 25 удари, наспроти шест за Црвените ѓаволи.

Мислам дека многумина од вас се во нов спорт! Во Англија некои луѓе велат дека крилата како Алексис Санчез не треба да помагаат во одбрана. Следниот пат кога ќе се сретнам со Дејвид Бекам ќе го прашам дали во негово време тој стоел и го гледал левиот бек на противникот напаѓа, а притоа да не интервенира, запраша Специјалниот.

Тој продолжи со тоа ќе ги праша Рој Кин и Пол Сколс дали кога нивниот тим ја губел топката, тие се враќале назад или се шетале по теренот.

Затоа што во наши денови излегува дека сите добри играчи треба да добиваат слобода на теренот. Тоа е глупаво. Кога топката е во твои нозе – напаѓаш. Кога е кај противникот – се браниш. Тоа е едноставно! Но очигледно некои луѓе измислуваат нов спорт, продолжи Мурињо.