Мурињо со нова функција повторно се враќа во Премиер лигата

Мурињо со нова функција повторно се враќа во Премиер лигата

Одамна не го гледаме Жозе Мурињо на тренерските клупи во Европа. Од декември, кога заработи отказ во Манчестер Јунајтед, легендарниот стратег работи како фудбалски аналитичар.

И во новата сезона ќе продолжи неговата соработка со популарните ТВ емисии. Португалецот потпиша договор со „Sky Sports“ каде ќе ги коментира натпреварите во Премиер лигата заедно со Гери Невил, Џејми Карагер, Грем Сунес и Џејми Реднап јуниор.

Неговиот деби натпревар ќе биде на Олд Трафорд, каде се одигра првото дерби во Англија помеѓу неговите поранешни два клуба Манчестер Јунајтед и Челзи.