Мурињо по победата со коментари за градското дерби

Мурињо по победата со коментари за градското дерби

Жозе Мурињо, менаџерот на Манчестер Јунајтед, по големата победа на гостувањето во Торино, на прес конференција говореше пред уште една голема пресметка, градското дерби за Манчестер против тимот на Сити.

Мурињо истакна дека Манчестер Јунајтед е тим кој никогаш не се предава и тим кој секогаш го наоѓа патот за да се врати по резултатска негатива.

– Не мислам дека натпреварот со Сити е специјален поради тоа што се случи минатата сезона. Специјален е затоа што е дерби на Манчестер, а сите знаете што значи тоа.

– Игравме два тешки натпревари на гостински терен против два одлични тимови, Челси и Јувентус. На двата натпревари имавме добри резултати, а позитивната атмосфера е присутна во тимот.

– Не сме тим кој се откажува. Ние сме тим кој секогаш го наоѓа патот за да се врати назад. Понекогаш променувајќи го резултатот, понекогаш не. Но ние сме тим кој има колективен дух. Но, ќе има натпревар кога нема да може да направиме пресврт, затоа мора да бидеме сигурни и да напредуваме во нашата компактност од самиот старт на мечот. Тоа го сторивме против Јувентус – заклучи Мурињо на денешната прес конференција.