“Being mum and dad” наградата во рацете на Рио Фердинанд!

“Being mum and dad” наградата во рацете на Рио Фердинанд!

Целиот свет заплака кога поранешниот фудбалски ас синоќа ја прими наградата БАФТА за документарецот “Being mum and dad”. Тој пред три години стана вдовец со три мали деца, а наградата и говорот ѝ ги посвети на својата сопруга.

Имено, сопругата на Рио, Ребека Елисон почина на 34 годишна возраст во 2015 година после кратката борба со рак на дојка. Иако била фитнес инструкторка и мајка на три деца, таа се соочила со тешката болест. Примала терапија, но канцерот ѝ се вратил и проширил на коските. Метастазата не можела да се излекува и семејството се соочи со голема трагедија.

“Сеќавањето на неа никогаш нема да исчезне. Секогаш ќе се однесуваме како да е со нас. Мојата прекрасна и добра сопруга, за жал не успеа да победи во борбата со болеста”, рече Рио.

My condolences to you and family. I'm really sorry for your loss. #RebeccaEllison #RioFerdinand

A post shared by Kⓘi (@koiiisme) on

Фудбалерот сосема се посвети кон воспитувањето на своите три деца, Лоренца, Тејт и Тиа. Тој стана “член” на групата британски вдовци, кои се состануваат и зборуваат за нивните чувства, проблеми и за тоа што најмногу им недостига, кога треба да се извади венчалниот прстен, потег кој покажува дека си подготвен да продолжиш понатаму.

“Има многу простор и дел од мојот живот за кој сум свесен дека не сум направил напредок, дека не направив чекор, помислувам…дали поради тие мали работи кои го прават животот, како што е прстенот? Не, јас не можам да се замислам без овој прстен”, истакна Фердинанд.

“Започнавме да разговараме и да се потсетуваме на сите убави моменти со Ребека, нивната мајка. Бевме среќни кога зборувуваме за тоа, за насмевката на мама кога ќе се случеше нешто убаво. Тоа им беше многу убаво и лесно, отколку оние тажни денови. Едноставно од мрак се преселивме во светлина”, раскажа Фердинанд за животот после својата сопруга.

Минатата година, тој објави дека повторно пронајде љубов и тоа со старлетата Кејт Рајт, која го поддржала на наградите БАФТА. Парот ја започна врската кон крајот на 207 година.