Мухамед Сејдини e новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија

Мухамед Сејдини e новиот претседател на Фудбалската федерација на Македонија

Денеска на редовното собрание на ФФМ кое се одржа во Охрид беше потврден новиот претседател на федерацијата.

Нов претседател е досегашниот вршител на должноста, Мухамед Сејдини кој на оваа позиција ќе остане во следните две години, до 2021 година.

Сејдини ја доби довербата од делегатите во Охрид кои со 82 гласа „За“ и само еден воздржан го потврдија неговото назначување на позицијата.

Мухамед Сејдини пред да стане в.д претседател на ФФМ, по оставката на Илчо Ѓорѓиевски, претходно беше потпретседател во нашата федерација.