Му се спрема отказ на Маурицио Сари!?

Му се спрема отказ на Маурицио Сари!?

Џанфранко Ѕола е еден од потенцијалните кандидати да го замени Маурицио Сари на клупата на Челси како привремен тренер, доколку италијанскиот стратег добие отказ.

Ѕола кој веќе работи како асистент тренер во таборот на Сари, е во моментот најизгледно привремено решение за клупата на Челси.

Навивачите но и бордот на клубот, не се задоволни од резултатите кои ги бележи актуелната екипа, па освен опасноста да биде заменет тренер, на лето сигурно на сините ќе им претстојат многу кадровски промени.

Сари е се уште нов во Челси, го води клубот прва сезона, но резултатите не соодвествуваат со она што било зацртано во клубот во првата сезона од неговиот ангажман.

Доколку Челси не успее да се избори за ЛШ, постои верување дека пред крајот на сезоната, Сари ќе биде ослободен од обврските во клубот од Стемфорд Бриџ.