Мраз-сина боја на коса го означи почетокот на 2019 година

Мраз-сина боја на коса го означи почетокот на 2019 година

Ретко кој од светските познати личности му одолеа на овој тренд.

Но, тоа што дефинитивно го одбележа почетокот на 2019 година е мраз-сината боја на коса.

Лејди Гага чекореше по црвениот тепих на доделувањето на наградите Златен глобус. Освен неа, оваа боја ја носеа и сестрите Кардашијан и Карди Б.

Боење на косата во мраз-сина нијанса е скапа егзибиција. Освен бланширањето на косата и месечно одење на фризер, пари мора да потрошите на маски, ампули, регенератори и масла, бидејќи константниот третман ќе ја исуши косата.

Исто така, за некое време ќе треба да заборавите на пегли, фигаро и сите други апарати кои ја обликуваат косата врз основа на топлина.