Motorola откри детали и фотографии од новиот Moto G7

Motorola откри детали и фотографии од новиот Moto G7

Иако најголемиот дел од информациите за новиот Moto G7 ги дознавме од неофицијални извори, никој не очекуваше дека фотографии и технички детали на уредот ќе добиеме директно од Motorola.

На бразилската интернет страница на Motorola се појавија фотографии и технички детали од целата линија на Moto G7 уредите, односно на четирите уреди G7, G7 Play, G7 Power и G7 Plus. Бразилците реагирале брзо и ги отстраниле фотографиите и информациите, но сепак веќе било предоцна.

Сите четири модели ќе имаат многу тенки рабови, notch на горниот дел од екранот и влез за слушалки, а ќе работат на оперативниот систем Android Pie.

G7, G7 Play, G7 Power ќе пристигнат со процесорот Snapdragon 632, додека пак моделот G7 Plus ќе пристигне со помоќниот Snapdragon 636 процесор. G7 Plus исто така ќе биде опремен со најдобрата камера во серијата – 12 мегапиксели на предната страна и две камери на задната страна од 16 и 5 мегапиксели.

G7 Power ќе има најмоќна батерија со капацитет од 5000 mAh, додека останатите уреди ќе имаат послаби батерии со капацитет од 3000 mAh.

Засега не е познато по која цена ќе се продаваат овие телефони, но за среќа наскоро ќе ги дознаеме сите детали со оглед на тоа што официјалното претставување на новите телефони на Motorola е закажано за 7-ми февруари.