Мотивирачка кампања на Скопје Сити Мол за денот на жената

Мотивирачка кампања на Скопје Сити Мол за денот на жената

Оваа година покрај празничен шопинг Скопје Сити Мол ги изненади дамите и со мотивирачки и охрабрувачки пораки кои можеа да се видат насекаде низ Скопје но и во самиот трговски центар.

Пораките гласеа: „Изгледаш прекрасно денес”, „Ти можеш сѐ што ќе посакаш”, „Насмевки се денот ќе биде супер“ и имаа за цел да ги орасположат и мотивираат случајните минувачки и посетителките на центарот по повод 8ми март, денот на жената.

Убавата енергија, позитивните зборови во Скопје Сити Мол се пренесуваа и преку фотографирање со Инстаграм рамки, како и мини подароци со мотивирачки пораки кои беа поделени викендот пред 8ми март во околината на Скопје Сити Мол и Градскиот парк во Скопје.

Моделите на фотографиите се облечени од @Aristoteli Bitsiani.

Многу малку е потребно за убава насмевка, за пријатна енергија и позитивни мисли.
Доказ за тоа е празничното видео на Скопје Сити Мол кое предизвика многу позитивни реакции кaj дамите.

Реакциите на дамите, случајни минувачи, погледнете ги тука:

„Секој ден е совршен ден за убав збор, комплимент кој ќе даде храброст, порака која ќе разбуди насмевка. Искористувајте го секој ден во годината да ги потсетите жените во вашите животи колку ви значат“ изјавија од Скопје Сити Мол.

Дами, ви благодариме што нѐ правите подобри!

Скопје Сити Мол, сѐ што сакам!