Морган Фримен добитник на наградата за животно дело

Морган Фримен добитник на наградата за животно дело

Американскиот актер Морган Фримен ќе добие награда за животно дело на Американската асоцијација на филмски актери (САГ), објавија во вторникот.

Во најавата се наведува дека наградата  на Морган ќе биде доделена на церемонијата на 21 јануари 2018 година.

80-годишниот Фримен претходно добил награди за доживотно дело од Американскиот филмски институт (АФИ) и Холивудската асоцијација на странски новинари (ХФПА).

Морган Фримен беше номиниран пет пати за Оскарите и освои еден за улогата во филмот “Девојка од милион долари” на Клинт Иствуд во 2004 година.