Моника Белучи засенета, овој пат нејзиното момче во центарот на внимението

Моника Белучи засенета, овој пат нејзиното момче во центарот на внимението

Моника Белучи и Никола Лефевр одат секаде заедно, откако се потврди дека убавицата е во врска со 18 години помладиот модел.

Па така, необичниот убавец ѝ бил придружба и за појавување на црвениот тепих на модната Недела во Париз.

Младиот уметник, меѓутоа, многумина ги изненадил со стајлингот за кој се одлучил. Во еден момент, Гала вечерта била во целост сконцентрирана на овој пар, бидејќи Никола изгледа како да облекол сè што му се нашло при рака.

Без оглед на сè, тие двајца позирале заедно како заљубени тинејџери, а на бомбастичната црнокоса изгледа воопшто не ѝ сметал необичниот стајлинг на нејзиното момче.

Таа пак, се појавила во црно од глава до пети.