Моника Белучи има нова љубов

Моника Белучи има нова љубов

Моника Белучи има нов љубовен партнер. Славната Италијанка беше фотографирана од папараците додека си разменуваше бакнежи со Николас Лефевре.

Фотографиите од 54-годишната актерка и 36-годишниот артист ги објави списанието Voici.

Не се знае колку долго Белучи е во врска со Николас, кој има работено како модел, а сега е сопственик на галерија во Париз. Неодамна Моника сподели дека не е сингл, но не откри многу информации. „Извесно време сум во врска со една личност. Тој не работи во мојата сфера, но патува многу“ – рече таа.

Николас има ќерка од претходна врска.