Мончи не се враќа во Шпанија

Мончи не се враќа во Шпанија

Италијанските медиуми пренесуваат дека Рамон Родригез Вердехо, попознат како Мончи, би можел наскоро да ја напушти позицијата спортски директор во Рома.

Мончи во Рома пристигна во 2017-та година откако претходно помина речиси две децении во Севиља. Тој во римскиот клуб за краток период заврши одлична работа и склопи одличн зделки, па се појави интерес за неговите услуги кај најголемите клубови, меѓу кои и наводно Барселона.

„Моментално немам намера да се враќам во Шпанија, среќен сум тука каде што сум. За иднината не размислувам, фокусиран сум на Рома и пред мене се уште неколку години во овој клуб“, изјави Мончи за италијанските медиуми.