Моќниот настап на Пинк на Brit Awards 2019

Моќниот настап на Пинк на Brit Awards 2019

Настапите на Пинк се секогаш впечатливи и енергични, па таа не ја разочара публиката ниту со настапот на Brit Awards.

На овогодишното доделување на Британските музички награди, 39-годишната пејачка моќно ја изведе својата нова песна „Walk Me Home“, како и хитовите „Just Like Fire“, „Just Give Me a Reason“, „Try“ и „What About Us“. На манифестацијата која синоќа се одржа во Лондон, Пинк ја доби наградата на особен придонес во музиката.