Моќната лимузина на BMW, M5 Competition

Моќната лимузина на BMW, M5 Competition

Не се случува често некој производител на автомобил, па дури и тоа да е „BMW“, во луксузна лимузина да „спакува“ моќ приближна на едно „Ferrari 488 GTB“.

Новиот „BMW M5 Competition“, чие производство започна во јули, има 4,4-литарски „twin-turbo V8“ мотор кој се наоѓа и во регуларниот „M5“, но инженерите од германската компанија го зајакнаа овој агрегат со 25 „коња“, па сега испорачува 625 ks (460 kW) при 6.000 o/min и 750 Nm максимален вртежен момент.

Моќта се пренесува на сите четири тркала преку осумстепен автоматик, а „M5 Competition“ дo „стотка“ стигнува за само 3,3 секунди, додека стрелката на брзиноматерот се качува 200 km/h зa 10,8 секунди.

Стартот на производството на новиот „BMW M5 Competition“, германскиот производител го одбележа со галерија на фотографии на возилото, кои на фановите на баварскиот бренд ќе им го разубави денот.