Модната куќа на Викторија Бекам за една година изгуби 10 милиони фунти

Модната куќа на Викторија Бекам за една година изгуби 10 милиони фунти

Oд декември 2017 до декември 2018 година изгуби 10,5 милиони фунти и со тоа заплови во уште подлабока финансиска криза.

Така поранешната Спајс девојка во новата 2019 година ќе влезе со сериозни проблеми, а прашањето е како ќе го надомести трошокот.

Меѓутоа, доколку Викторија е во минус кога станува збор за приходите, нејзините производи бележат пораст на продажбата од 17 %, што е значаен чекор напред во однос на минатата година кога продажбата стагнираше.

Имено, популарната дизајнерка изминатите месеци интензиво вложувала во луксузниот бренд, што предизвика големи финансиски трошоци.

Иако и минатата година се соочи со губиток од 8 милиони фунти, акционерот и инвеститор НЕО вложил 30 милиони фунти во компанијата на Викторија. Така дизајнерката продолжи да вложува во ширење на пазарот и произведување на линијата.

Меѓутоа, Викторија не се откажува од своите соништа, па и покрај губитокот таа продолжува да вложува во својот бренд, како што вели за во иднина и да го прошири тимот. Секако, покрај неа е и нејзиниот сопруг Дејвид Бекам како најголема поддршка.

Нејзиниот нов подвиг во светот на модата ќе биде колекцијата на производи за нега на кожа и новиот парфем, а наскоро ќе отвори и Јутјуб канал каде ќе креира видеа со модни совети.