Моделот со витилиго Вини Харлоу ќе дефилира на шоуто на Victoria’s Secret

Моделот со витилиго Вини Харлоу ќе дефилира на шоуто на Victoria’s Secret

Вини Харлоу  ќе ги придружува ангелите на Victoria’s Secret на овогодишното шоу.

Популарниот модел со витилиго ја доби честа оваа година да дефилира на спектакуларната модна ревија.Вини веќе неколку години ја освојува модната индустрија и ги руши стереотипните стандарди за убавина. Таа има витилиго, здравствена состојба кое се карактеризира со бели дамки на кожата. Кога била помлада, таа редовно била навредувана поради изгледот на нејзината кожа и нарекувана „крава“ и „зебра“.