Моделот му раскина на 23 години помладото момче!

Моделот му раскина на 23 години помладото момче!

Супермоделот Наоми Кембел (48) ја заврши својата љубовна романса со 23 години помладиот британски пејач Лиам Пејн (25), после само четири месеци врска.

„Лиам и Наоми одлично се забавуваа и согласуваа додека беа заедно, често се смееја, но едноставно не им било судено. Ќе останат пријатели, ништо не си замеруваат еден на друг“, открива извор близок на манекенката, за „The Mirror“.

Во меѓувреме, порталот „The Sun“ објави дека вистинската причина за раскинувањето е тоа што пејачот повеќе не ѝ е интересен на Наоми.

„Таа повеќе не е ‘загреана’ за Лиам, едноставно кажано, ѝ здодеа“, рекол извор за британскиот портал.