Мобилна апликација ХалкЕКО

Мобилна апликација ХалкЕКО

Халкбанк ја лансира новата мобилна апликација – ХалкЕко која има големо значење во однос на општествената одговорност на банката.

HalkEco претставува апликација што Ви овозможува да формирате здрави навики и да придонесете во зачувување на животната средина. Апликацијата ќе ве охрабри да бидете физички поактивни, еко свесни и да ја мотивирате заедницата да го следи вашиот пример.

За секоја Ваша активност: трчање, пешачење, возење велосипед или тротинет, добивате HalkCoins и освојувате различни нивоа за кои што следуваат подароци, други бенефиции и можности за засадување зелени површини.

Пристапете кон веб страната https://halkeco.mk, информирајте се за апликацијата, инсталирајте ја и започнете да ја користите.