Младиот рапер пронајден мртов на 21 година

Репер Лил Пип (Lil Peep) беше пронајден мртов на возраст од 21 година.

Изведувачот, чие вистинско име беше Густав Ар, го издаде својот прв албум “Come Over When You’re Sober (Part One)” оваа година.

Раперот од Лонг Ајленда беше на турнеја, а денес требаше да заврши со изведба во Калифорнија.

Многу пријатели и колеги се простуваат на социјалните мрежи:

Менаџерот на Лил, Мики Кортес, ја потврди веста на Instagram.

„Јас сум целосно скршен и изгубен, те сакам и секогаш ќе ми недостигаш … Еден од највистинските …” пишува тој.

Песните на Лил често го опишуваат неговиот начин на живот. Дури и на социјалните мрежи ги објавил своите фотографии и снимки на кои пие и зема лекови.

Само 24 часа пред неговата смрт, тој ги објави своите фотографии кои покажуваат дека тој го зема антидепресивот „Xanax”. Тој напишал: „Ќе ме сакате кога ќе умрам”.