Миша Јанкетиќ во серијата Убиецот на мојот татко

Новото засилување на ТВ серијата Убиецот на мојот татко ќе биде актерот Михаило Миша Јанкетиќ

Тој во новата сезона која ќе биде емитувана во октомври ќе има епизодна улога во која ќе игра лик на таинствен човек.

Сепак, продуцентите велат дека нема да има сцени со синот Марко, која ја толкува една од главните улоги.

Миша сними битни сцени со Вук Костиќ. Емотивна сцена која е клуч на сезоната. Инспекторот е на некоја емотивна раскрсница, а Јанкетиќ игра улога на рибар кој му помага – вели режисерот на серијата.

Уште не се знаат  деталите за новата сезона, но се претпоставува дека приказната ќе се врти околу љубовниот триаголник помеќу Костиќ, Нина Јанковиќ и Катарина Радивојевќ, односно ликовите кои ги толкуваат.