“Milan Red” со 1325 коњски сили

“Milan Red” со 1325 коњски сили

Пазарот на суперавтомобили е преполн бидејќи мал број на луѓе можат да си дозволат возило кое чини милиони долари, австрискиот производител “Milan” верува дека може да им понуди нешто поразлично на богатите клиенти.

Новиот хиперавтомобил “Milan Red” под хаубата има 6,2-литарски V8 со четири трубополначи кој произведува 1325 коњски сили и 1400 Nm вртежен момент, што овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч. зa 2,47 секунди и максимална брзина од преку 400 км/ч.

Автомобилот го добил своите име по птицата грабливка “Црвен змеј” (Red kite) од семејството соколи, a дизајниран е да биде што е можно полесен со погон на задната осовина.

Производителот тврди дека “Milan Red” е тежок 1300 килограми, благодарение на тоа што комплетната структура е изработена од карбонски влакна. Освен тоа, суспензијата е исто така изработена од карбон, што според тврдењето на “Milan” е за прв пат забележано во еден патнички автомобил.

Приоритетот на овој модел е функционалноста пред формата, а има и големи вентилациски отвори напред, од страната и на задниот дел од возилото.

Компанијата се’ уште нема понудено фотографии од внатрешноста, но тврди дека еден од аспектите на кокпитот е визуелизација на срцевиот ритам на возачот.

Австриската компанија планира да продаде 99 единици од овој суперавтомобил по цена од околу два милиони евра по примерок.