Милан потврди дека ја прекинува соработката со Адидас

Милан потврди дека ја прекинува соработката со Адидас

Милан денеска официјално потврди дека по речиси две децении се прекинува соработката со компанијата за спортска опрема Адидас.

Милан и Адидас во 1998 година потпиша соработка која беше повеќе од успешна, а пред четири години, постигната и согласност за нов десетгодишен договор кој очигледно нема да биде исполнет.

Од германската компанија одлучија дека тие веќе не можат да плаќаат 20 милиони евра годишно спонзорство на италијанскиот клуб.

Меѓусебната соработка завршува на крајот на сезоната, а прв фаворит за нов спонзор на „росо-нерите“ е компанијата за спортска опрема Пума.