Мик Шумахер започнува соработка со Ферари

Мик Шумахер започнува соработка со Ферари

Синот на еден од најдобрите возачи на сите времиња во Формула 1, Михаел Шумахер, направи голем чекор кон овој спорт каде неговиот татко се прослави.

Медиумите утрово пренесуваат дека младиот Мик се решил за Ферари пред Мерцедес, од каде доаѓаше сериозен интерес да го капарисаат на време.

Тој ќе стане член на возачката академија на Ферари, па ќе биде дел од развојните програми за идните тестови и болиди во Маранело.

Мик Шумахер кој има 19 години, веќе има остварено бројни резултати кои не останаа незапазени, па сега е заврбуван од Ферари.

Сигурно дека најрадосен на ова ќе биде Михаел Шумахер кога ќе слушне за веста на неговиот син и соработката со Ферари.