Мик Шумахер ќе вози за Формула 1

Мик Шумахер ќе вози за Формула 1

Синот на легендарниот Михаел Шумахер следната сезона ќе биде дел од Формула 1. Мик Шумахер ќе вози за Haas.

Пристигна соопштението кое се чекаше со месеци,  Хас го потврди Мик Шумахер за сезоната 2021, младиот Германец ќе му биде тимски колега на Рузинот Никита Мазепин.

„Не можам да ви опишам колку сум среќен што ќе бидам дел од гридот на Формула 1, едноставно немам зборови“ – вели Мик Шумахер кој стави потпис на долгогодишен договор.

„Сакам да им се заблагодарам на Хас, Скудерија Ферари и академијата на Ферари што ми укажаа доверба. Сакам да изпратам порака до моите родители, ве сакам многу, ви должам се“.

Мик Шумахер своето деби зад воланот на Хас во Формула 1 ќе го има во петок, кога ќе биде дел од првиот слободен тренинг за втората трка во Бахреин.

Тој потоа ќе се насочи кон освојување на титулата во Формула 2, каде во моментов е лидер на табелата.