Мик е нов светски шампион во Формула 3!

Мик е нов светски шампион во Формула 3!

Мик Шумахер денеска на втората трка во Хокенхајм го освои второто место што му беше доволно на една трка пред крајот на сезоната да го осигура првото место и шампионската титула во Формула 3.

Мик кој има 19-години имаше прекрасна низа во втората полусезона, а во текот на шампионатот оствари 8 победи.

Воедно ова е реприза и повторување на успехот на својот татко Михаел кој во 1990 година го освои шампионатот во Формула 3.