Мигос направи лудница на Exit, на раперот му се роди ќерка!

Мигос направи лудница на Exit, на раперот му се роди ќерка!

Европскиот фестивал Exit го започна своето 18 издание со спектакуларните настапи на глобалните и светските музички ѕвезди и додека првиот дел од вечерта беше резервиран за нешто помирни и романтични тонови на американската кантавторка LP, во подоцните часови ноќта ја одбележаа хип хоп групата Мигос.

Овој бенд, кој многумина го нарекуваат новиот “Битлси” поради музичкото влијание кое го направија на светската сцена, моментално е еден од најбараните бендови ширум планетата.

На овогодинешниот фестивал пристигнаа директно од врвот на американската топ листа чие прво место го освоија со дури два албуми. На тој начин за само една година станаа една од сите пет рап групи кои имаат успешна кариера, а со вртоглави 15 нумери кои истовремено се најдоа на американската топ листа, Мигос го собориле рекордот стар 54 години, кој пред нив го држеа само познатите Битлси.

И покрај доцнењето поради технички причини, публиката која се собра пред главната бина трпеливо го чекаше нивниот настап. За време на настапот, пред повеќе од илјади фанови кои ја следеа секоја нивна песна, Мигос го прославија и раѓањето на ќерката на еден од членовите. Имено, пред само неколку дена, Офсет, раперот од Мигос кој е дел од оваа енергична тројка, стана татко. Тој и славната Карди Би станаа родители на ќерката Калчр.

 

Kulture Kiari Cephus 07/10/18🎀🌸 @offsetyrn

A post shared by Cardi B Official IG (@iamcardib) on

Пред хип хоп групата Мигос, настапи норвешката група Фивер Реј, која својата светска слава ја стекнаа со познатата песна “If I Had a Heart”, која е искористена за воведната шпица за мега популарната серија “Vikings”.

Љубителите на електро музиката го исполнија секое место во Dance арената, на која традиционално гужвата почнува да се формира уште од раните утрински часови, додека најверните фанови го дочекаа изгрејсонцето на Петроварадин со ритамот на диџејот Ричи Хотин.