Microsoft ќе го преземе кинески TikTok

Microsoft ќе го преземе кинески TikTok

Минатата недела Трамп зборуваше за забрана на попуалрната апликација TikTok во САД, после разговорот со првиот човек на Microsoft го смени мислењето и на крајот TikTok сепак може да падне во рацете на Американците.

Компанијата која стои зад TikTok, кинеската компанија ByteDance, сега има рок од 45 дена за да постигне договор со Microsoft за преземање на делот на TikTok, кој се однесува на САД, Канада, Австралија и Нов Зеланд.

Моментално не се познати деталите за вредноста на потенцијалната аквизиција, но сигурно станува збор за милијарди долари. После разговорот со извршниот директор на Microsoft, Сатја Надела, од компанијата ги повикаа и другите американски компании за соработка во купувањето на малцински делови од TikTok.