Microsoft го прикажа новото лого на Windows

Microsoft го прикажа новото лого на Windows

Веќе подолго време знаеме дека Microsoft планира целосна промена на иконите за своите услуги и апликации, а по новото лого на Office, сега можеме да ги видиме другите променети графички знаци.

Компанијата објави дека менува повеќе од 100 икони во своите услуги со нови бои, материјали и форми. Ова го вклучува и логото на Windows. Сето ова е дел од обидот на компанијата од Редмонд да ги модернизира своите софтвер и услуги со концептот Fluent Design.

Предизвик за дизајнерскиот тим беше да го креира чувството за иновации и промени, но во исто време да го направи изгледот познат на потрошувачите. Повеќето икони не се радикално променети, но имаат мали корекции. Притоа, Microsoft постигнува одреден степен на усогласување, особено во однос на некои од постарите икони што се наоѓаат во неговите производи со децении.

Со воведувањето на Windows 10X, направена е и промена на логото на оперативниот систем.  Платформата која е наменета за уреди со двоен екран, има дури и ново мени за лансирање што ги отстранува познатите Live Tiles. Новото лого на Windows е со син градиент и вклучува неколку нијанси во различни делови.