Метју Меконахи во новиот филм “The Beach Bum”

Метју Меконахи во новиот филм “The Beach Bum”

Конечно може да ги видиме првите кадри од долгоочекуваната комедија “The Beach Bum” која собра одлична актерска екипа на едно место во која се вклучени Метју Меконахи, Снуп Дог, Исла Фишер, Зак Ефрон, Џона Хил и многу други.

“The Beach Bum” е по режија и сценарио на оскаровецот Хармони Корин кој е познат по успешното остварување “Spring Breakers” со заработка од 32 милиони долари. Љубителите на неговите дела долго го очекуваат неговиот нов филм.

Меконахи во комедијата ја игра главната улога на бунтовниот и симпатичен Мундог кој ужива во животот, но запаѓа во бројни неволји, а Исла Фишер се појавува во улога на неговата сопруга Мини.

Филмот се заснова на авантурите на Мундог, кој живее по своите правила и не се осврнува на друштвото околу себе. Според мислењето на филмските критичари, публиката ја очекува многу смеа, што го потврдија и актерите кои одлично се забавувале во текот на снимањето.

Метју во едно неодамнешно интервју изјавил дека улогата во “The Beach Bum” е најлудата улога досега во неговата кариера.

Филмот се очекува да се појави во кино-салите ширум светот на 22-ри март следната година.