Меси заминува во Манчестер сити

Меси заминува во Манчестер сити

Лионел Меси од сезоната 2021/22 ќе го носи дресот на Манчестер сити.

Според пишувањата, Меси откако ќе ја одработи последната сезона од договорот со Барселона, ќе си замине како слободен играч и тоа во Манчестер сити.

Аргентинецот уште сега сакаше да заигра за Граѓаните, но Барселона не дозволи, инаку договорот меѓу играчот и англискиот клуб веќе бил постигнат. Треба да биде петгодишна соработка меѓу Меси и челниците на клубот.Шесткратниот освојувач на Златната топка би останал три години во Сити, а потоа би заминал во Њујорк Сити каде би можел да ја заврши кариерата на 39-годишна возраст.