Меси со свој став околу евентуалниот трансфер на Нејмар во Реал

Меси со свој став околу евентуалниот трансфер на Нејмар во Реал

Шпекулациите дека Нејмар би можел да ја продолжи кариерата во Реал Мадрид не го оставаат рамнодушен ни најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси.

Бразилско-аргентинскиот тандем играше заедно од 2013 до 2017 година, од 2014 година им се приклучи Луис Суарес и заедно го сочинуваа најубиствениот тандем во историјата. Нејмар лани одлучи да се пресели во ПСЖ и го навлече гневот на навивачите на Барса, а Меси сега го кажа своето мислење за евентуалниот трансфер во Реал.

Би било катастрофа да го видиме Нејмар во Реал по се што направи за Барса. Тоа би бил тежок удар за сите навивачи – изјави Меси во интервју за аргентинските медиуми.

Бразилецот се почесто се доведува во врска со Реал, но последните информации зборуваат дека нема да дојде до трансфер.