Мерцедес со еден-два победа на првата трка од Ф1 календарот

Мерцедес со еден-два победа на првата трка од Ф1 календарот

Возачот на Мерцедес Валтери Ботас славеше на Големата награда на Австралија со која стартуваше новата сезона во Формула 1.

Финскиот возач на патеката „Алберт Парк“ дојде до четвртата победа во кариерата и прва од Абу Даби во 2017. година.

Тој победата ја прослави пред тимскиот колега и бранител на титулата Луис Хамилтон, кој имаше околу 20 секунди заостанување, а на подиумот заврши и Макс Верстапен во болидот на Ред Бул, па така и го донесе на Хонда првиот подиум од враќањето на оваа компанија во Формула 1.

Ботас на стартот го претекна Хамилтон и од тој момент Финецот сигурно возеше, одржуваше предност, па потоа и ја зголемуваше и воопшто не беше прашање дали ќе слави на крајот од трката. Првата трка од сезоната ја заврши со максимален број од 26 бода.

Хамилтон рано влезе во бокс, мораше да трепери и за втората позиција, а во финишот Верстапен опасно му се приближи. Го имаше и претекнувањето на денот, кога го заобиколи Себастијан Фетел, но на 10 круга пред крајот упропасти шанса да го престигне Хамилтон, кој имаше мал излет од патеката.

На четвртото место заврши Фетел, а неговиот тимски колега, Полјакот Леклерк, на петтото место. Следуваа Магнусен од Хас, Хулкенберг (Рено Спорт), Раиконен (Алфа Ромео), Строл (Рејсинг Поинт) и Данил Квјат (Торо Росо).

Поради проблеми со болидите, Гросжан, Рикардо и Сајнц не ги завршија трките. Следната трка во Формула 1 се вози на 31. март во Бахреин.