Мерцедес повеќе не се фаворити, изјави Ботас

Мерцедес повеќе не се фаворити, изјави Ботас

Валтери Ботас смета дека Мерцедес не се фаворити во пресрет на враќањето на Големата награда на Франција.

Тото Волф ја опиша последната трка во Монтреал како будење за тимот, а победата го врати Себастијан Ветел на чело на возачкиот поредок.Новиот мотор на Мерцедес беше одложен за по Канада, а Ботас смета дека подобрувањата се итни.

„Ова е различна трка, различни гуми и позитивно е тоа што ќе имаме нов мотор кој многу ни требаше во Канада за да нападнеме за победа. Се надеваме дека ќе добиеме и други новини и подобрувања на болидот затоа што сите тимови се развиваат со секоја следна трка, а конкуренцијата станува се пожестока.

Отидвме во Канада знаејќи дека патеката во теорија ни одговара, но мислевме дека и со стариот мотор имаме шанса за победа, но тоа не беше случај што покажа колку е жестока развојната трка и колку треба да се подобруваме секој следен викенд.

Дефинитивно не сме фаворити за Француското Гранд При, тоа е факт“, потенцираше Финецот.