Мерил Стрип оскрено говори за тешкиот период во својот живот

Мерил Стрип оскрено говори за тешкиот период во својот живот

Актерката Мерил Стрип важи за една од најголемите дами во филмската индустрија.

Добро познато е дека Мерил нема влакна на јазикот, па секогаш го кажува своето мислење. Иако со насмевка ја прекриваше тагата, Мерил пред неколку години одлучи да проговори за лошиот период низ кој поминала.

Мерил два пати била нападната, а во една прилика криминалците толку многу ја нападнале така што таа морала да се прави дека е мртва.

„Еднаш бев нападната на улиците во Њујорк. Се правев дека сум мртва за да престанат да ме тепаат. Тоа беше како моето тело да паѓа од 20 метри висина“ вели Мерил која по овој напад едвај преживеа.

Меѓутоа, тоа не беше крај на незгодите. Една вечер додека била во друштво на блиска пријателка исто така имала непријатна ситуација.

„Ја нападнаа мојата блиска личност. Тогаш полудев и почнав да го удирам напаѓачот.  Со  мене беше и Шер. Го избркавме напаѓачот“ изјави Мерил на доделувањето на наградите за истражувачко новинарство.

Меѓутоа, можеби најтажна приказна во нејзиниот живот е смртта на нејзината љубов Џон Казал во кога Мерил се заљуби пред четири децении. Кога Мерил дознала дека боледува од рак на белите дробови, тогаш започнала нејзината борба. Меѓутоа, за жал Џон не успеа да ја победи лошата болест.

„Мојот сакан е многу болен и често оди во болница. Многу се грижат за него и давам се од себе, констано глумам дека  сум весела, а тоа ментално и физички ме исцрпува“  изјави Стрип.

Џон на почетокот на март бил примен во болница, а на 12 март докторите ја повикале актерката за да и кажат дека е готово.

Денес Мерил е омажена за Дон Гарнер со кого има четири деца.