Mercedes G63 и G65 Exclusive Edition!

На саемот за автомобили кој ќе се одржи во Франкфурт фирмата на Mercedes-AMG  премиерно ќе ги претстави веројатно последните изданија на актуелната G класа во комбинација со најмоќните мотори и најбогатите пакети на опрема.

После онлајн презентацијата во мај оваа година, на претстојниот Саем за автомобили во Франкфурт, Мерцедес ќе го претстави двата ексклузивни G „класа“ ѕверови кои што веројатно ќе бидат последните изданија на легендарното теренско возило на германската компанија, затоа што најновата генерација на G класата би требала да пристигне во продажните салони веќе идната година.

Mercedes-AMG ќе го продава моделот G65 Exclusive Edition по цена од 287,658 евра, што е за 12 илјади евра повеќе од стандардната верзија. Купувачот на ова ремек дело ќе добие SUV со 6-литарски V12 мотор со моќ од 630 коњски сили.

Значајно поевтиниот G63 модел ќе чини 163,125 евра, а под неговата хауба ќе биде сместен 5,5-литарски V8 мотор со моќ од 571 коњски сили.

Од Мерцедес велат дека ексклузивната верзија, покрај уникатната внатрешност, посебноќе ја краси сива боја на каросеријата која што нема да може да се добие со стандардните модели на G класата.