Mercedes-Benz Vision AVTR инспириран од филмот Avatar

Mercedes-Benz Vision AVTR инспириран од филмот Avatar

Инспириран од научнофантастичниот филм Avatar, Mercedes-Benz на CES саемот во Лас Вегас ја претстави студијата за Vision AVTR концептот.

Mercedes-Benz сака да ја оживее визијата од хит филмот на Џејмс Камерон, Avatar, и да ја употреби за патиштата. Понесени од клучните детали во филмот, како што е конекцијата меѓу човекот, машината и природата, како и сонот за општество каде ова трио живее во совршена симбиоза, германскиот производител го претстави својот концепт Vision AVTR.

Mercedes-Benz Vision AVTR концептот (Advanced Vehicle Transformation) се опишува како „жив организам“ кој се поврзува со своите корисници и кој им овозможува да го чувствуваат светот околу себе.

AVTR концептот со корисникот создава биометриска врска, со поставување на раката на централната управувачка единица возилото го следи и отчукувањето на срцето, а закривениот модул на екранот создава визуелна конекција на патникот во возилото и надворешниот свет.

Осветлувањето и стилските елементи во внатрешноста инаку ги пресликуваат и имитираат домовите на Na’vi народот од филмот Avatar.

Исто така, седиштата, предниот панел и подот се направени од нови рециклирани материјали како што се Dinamica и Karoon дрво.

Секако, станува збор за целосно автономно и електрично возило кое има четири електромотори со вкупно 350 kW/476 КС, при што тука се користи технологијата на органски батерии направени од рециклирачки материјали. Со едно полнење на батериите од 100 kWh Vision AVTR концептот има автономија од околу 700 километри, а треба да се напомене и дека располага со погон на сите четири тркала.

Во веста се наведува и дека забрзувањето на Mercedes-Benz Vision AVTR до 100 километри на час трае 4,3 секунди, како и дека најголемата брзина е ограничена на 160 километри на час.