Меланија Трамп во три модерни стајлинзи

Меланија Трамп во три модерни стајлинзи

Каде и да се појават Меланија и Доналд Трамп се во центарот на вниманието. И покрај шпекулирањата околу неговото неверство со порно ѕвезда и се дискутира околу неговите критики на британското здравство, парот не ги прескокнува закажаните јавни појавувања.

Претседателот и Првата дама на САД беа фотографирани на тревникот пред Белата куќа кога се упатуваа до хеликоптер за да отпатуваат за Синсинати, Охајо.

Меланија блескаше во аутфит во кој доминираше жолтата боја.

За викендот, парот уживаше во ресортот Мар-а-Лаго, каде го проследи Супер Боул. По повод спортскиот настан, тие беа посетени од мажоретки и оркестар. Меланија за таа прилика избра модна комбинација во патриотски бои со јакна од брендот Amiri.

Претходно, Меланија и Доналд беа фотографирани на аеродром со синот Барон. Меланија носеше сино-црвена комбинација со палто од Maison Ullens и чанта од Gucci.