Меланија Трамп во беспрекорно летно издание

Меланија Трамп во беспрекорно летно издание

Меланија Трамп нема модни утки. 48-годишната прва дама на САД доби само позитивни критики за стајлингот со кој пристигна во Вашингтон со својот сопруг Доналд, откако заедно со семејството беа на викенд одмор во неговиот голф клуб во Њу Џерси.

 

Меланија зачекори на тревникот на Белата куќа во кошула-фустан со принт со папагали од брендот Ердем.

Својот моден избор, таа го надополни со портокалов колан и салонки од Маноло Бланик.