Меланија Трамп проговори јавно за корона вирусот

Меланија Трамп проговори јавно за корона вирусот

Првата дама на Америка и се обрати на јавноста, укажа на опасноста од пандемијата и прати силна порака.

Денес сакам да разговарам со вас во врска со коронавирусот и што тој значи за вас и вашето семејство. Иако сега треба да се извршат промени, нема така да живееме постојано. Нашите деца ќе се вратат во училиште , луѓето ќе се вратат на работа, повторно ќе се собираме на верски настани, концерти и спортски случувања“, вели Трамп.

Видеото е објавено на Твитерот на првата дама, во исто време кога во Белата куќа беше одржан состанок за коронавирусот со претседателот Трамп.

„Ве повикувам да останете поврзани со семејството и саканите личности преку видео-чет, телефонски повици, друштвени медиуми и други технологии“, вели Меланија, повикувајќи ја јавноста да ги следи назнаките на Центарот за контрола на болести и превенција.

Останете на сигурно. И запомнете, додека многу од нас се одвоени, сите сме заедно во ова“, заврши првата дама.