Меланија Трамп прекрасна на првата државна вечера во Белата куќа

Меланија Трамп прекрасна на првата државна вечера во Белата куќа

Меланија и Доналд Трамп вчера ја организираа својата прва државна вечера во Белата куќа. На свеченоста, почесни гости беа Емануел и Брижит Макрон.

47-годишната прва дама на САД носеше блескав фустан од модната куќа Шанел, додека 65-годишната прва дама на Франција остана верна на францускиот бренд Луј Витон и избра бела креација со златни детали.

На вечерата присуствуваше и Иванка Трамп со својот сопруг Џеред Кушнер.