Меланија Трамп и првата дама на Аргентина блескаа меѓу сопругите на лидерите на самитот Г-20

Меланија Трамп и првата дама на Аргентина блескаа меѓу сопругите на лидерите на самитот Г-20

Лидери од целиот свет се сретнаа во Буенос Аирес по повод самитот Г-20. Политичкиот свет внимателно го следеше секој нивен потег и збор, а модниот свет го насочи вниманието кон нивните партнерки.

Најголеми комплименти за стилот добија Меланија Трамп и „домаќинката“ Хулијана Авада.

Првата дама на Аргентина ги пречека сопругите на лидерите во градината на „Villa Ocampo“. 44-годишната Авада носеше бел фустан и минималистички сандали.

За првата средба за време на дводневниот самит, Меланија избра цветен фустан од Гучи кој чини 4.900 долари и зелени чевли од Маноло Бланик.

Двете дами позираа со останатите гостинки меѓу кои турската прва дама Емине Ердоган, француската прва дама Брижит Макрон, јапонската прва дама Акие Абе, кинеската прва дама Пенг и сопругата на канадскиот премиер, Софи Трудо.