Oткако ракометарите на Вардар ѝ одржаа лекција на Европа, и и докажаа кој е на врвот, освојувајќи ја Лигата на шампионите во „Ланксес арената“ во Келн, Германија ги забавуваше неповторивата Мелани Си.
Додека нашите херои го примаа престижниот пехар, на теренот Мелани Си ја пееше легендарната химна на победниците „We Are The Champions“.
Покрај хитот на Queen, 43-годишната музичка ѕвезда ги отпеа и своите песни „Next Best Superstar“ и „Dear Life“.
Мелани во моментов е на турнеја за да го промовира својот албум „Version of Me“.