Мел Гибсон ја подготвува преработката на еден од најпопуларните филмови во историјата

Мел Гибсон ја подготвува преработката на еден од најпопуларните филмови во историјата

Мел Гибсон ја подготвува преработката на еден од најпопуларните вестерн филмови во историјата – „Дивата орда“ од 1969 година.

Тој ќе биде ко-сценарист, продуцент и режисер во проектот, но се уште не се знае дали ќе има и своја улога во него.

Гибсон моментно работи и на подготовките за снимање на филмот „Уништувач”, сагата за бродот УСС Лафе, бродот којшто преживеа 22 напада на јапонски камикази во Втората светска војна.

Оригиналната „Дива орда” од каубојскиот „див запад“, ја сочинуваа Вилијам Холден, Ернест Борњин, Роберт Рајан, Едмонд О’Брајан, Варен Оутс, Џејмс Санчез и Бен Џонсон.