Мејвис Л. Ванкзик доби 759 милиони долари

Мејвис Л. Ванкзик доби 759 милиони долари

Играч на лотарија од сојузната држава Масачусетс, доби 759 милиони долари откако во синоќешното извлекување погоди џекпот на „Пауербол“, второ по големина во историјата на играта.

Паричната сума за наградата привлече многумина да си ја испробаат среќата, со што продажбата растеше, а шансата за добивка, се намалуваше, или 1 во 292 милиони.

Лотаријата во САД датира од времето на 13-те колонии. Како тогаш, и денес дел средствата се користат за финансирање на училиштата и инфраструктура. Новата милионерка од Масачусетс, која штотуку доби 758,7 милиони долари на американската лотарија Пауербол, даде отказ во болницата во којашто работела три децении. Мејвис Л. Ванкзик, која живее во градот Чикопи, вели дека за лозот ги користела роденденските датуми на своите блиски како среќни броеви. И, тие навистина и донесоа среќа. Организаторите на лотаријата соопштија дека среќната добитничка се одлучила за еднократна исплата од 480 милиони долари, кои по оданочувањето, ќе изнесуваат 336 милиони. Околу 120 милиони долари се наменети за Федералната влада на САД, а 20 милиони за државата Масачусетс. Извлекувањето се одржа вчеравечер, а комбинацијата броеви за една од највисоките добивки во САД, е: 6, 7, 16, 23, 26 и дополнителниот број 4.