Мехди Бенатија замина од Јувентус, а една од причините за тоа е и Бонучи!

Мехди Бенатија замина од Јувентус, а една од причините за тоа е и Бонучи!

Искусниот марокански стопер Мехди Бенатија ги изненади сите со неговата одлука да го напушти Јувентус и да се пресели во Катар.

Бенатија пред неколку дена потпиша за катарскиот клуб Ал-Духаил, а не е тајна дека го напушти Јувентус поради тоа што не беше задоволен од минутажата која што ја добиваше.

Мароканецот минатата сезона имаше пристојна минутажа, меѓутоа тој падна во втор план откако Леонардо Бонучи се врати од Милан и веднаш стана прв избор покрај Кјелини на стоперската позиција во Јувентус.

„После многу напнатите денови, сакам да ја искористам оваа прилика за да се збогувам со своето семејство од Јувентус, играчите, навивачите, сите. Овде ќе оставам многу пријатели кои се надевам дека повторно ќе ги видам. Две и пол години беа важен дел од мојот живот“, изјави Бенатија и додаде:

„На крајот од минатата сезона бев сигурен дека тука ќе се пензионирам, но за жал некогаш имате изненадувања во животот, па морав да ги променам плановите. Разбирам дека некој не сака да го прифати мојот избор, но ве молам да го почитувате“, изјави Бенатија.