Меган во видеото за најубавите моменти од 2018 се појавува повеќе пати од Кејт Мидлтон

Во видеото кое го објави Кенсингтонската палата, а во кое се прикажани најубавите и најдрагите моменти од претходната година, најмногу се појавува Меган Маркл.

Оваа година беше важна за кралското семејство, од раѓањето на принцот Луис, две кралски веначавки и неколку турнеи.

Кралската палата по повод на крајот на 2018 година објави видео во кое се прикажани сите најдобри и најважни моменти.

Во видеото кое трае 3 минути, многумина забележаа дека најмногу се појавува Меган Маркл.

Меган во видеото се појавува повеќе од 30 пати, а војвотката Кејт Мидлтон се појавува 23 пати.