Меган Маркл заминува од “Suits”

Меган Маркл и Патрик Џеј Адамс сакаат да ја напуштат популарната серија “Suits” која ја прослави девојката на принцот Хари.

Медиумите пишуваат дека желбата на Меган да го заврши својот ангажман во серијата не е изненадување, со оглед на тоа дека нејзината врска со Хари е сè посериозна и дека е само прашање на време кога ќе ја објават нивната свршувачка.

Освен Маркл, популарната серија на крајот од седма сезона сака да ја напушти и Патрик Џеј Адамс. Се очекува дека последните шест епизоди во кои глуми ќе бидат емитувани кон почетокот на 2018 година.

Договорите на сите членови на екипата, вклучувајќи ги Адамс и Маркл, наводно завршуваат по седмата сезона што значи дека убавицата од Калифорнија ќе има повеќе време за своето момче.

Меган моментално се појавува во улога на Рејчел Зејн, адвокатка и вереничка на Мајк Рос, кој го глуми токму Патрик Џеј Адамс.