Меган Маркл во посета на засолниште за жени во Канада

Меган Маркл во посета на засолниште за жени во Канада

Ова е првпат 38-годишната Војвотка да биде фотографирана по веста дека со принцот Хари се откажаа од кралските должности и по нејзиното заминување од Велика Британија.

Таа со мал авион пристигна во центарот за жени „Downtown Eastside“ за да им понуди помош и да им го зголеми еланот на вработените.

„Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, нè посети денес за да дискутираме за проблемите кои ги засегаат жените во заедницата“ – изјавија од центарот.

Центарот за жени „Downtown Eastside“ им овозможува безбедно место на жени и деца кои имаат потреба од помош. „Ги поддржуваме жените да направат позитивни промени во нивниот живот, нудејќи им различни услуги“ – велат од центарот.